Обожавате еклери? А дали знаете дека името на познатите еклери доаѓа од францускиот збор éclair што во превод значи молња, а најверојатно го добиле по тоа што се јадат многу брзо. Популарни се ширум светот, а потекуваат од 19-ти век.
Карактеристично за еклерите е тоа што се прават од тесто полно со шуплини како и за профитеролите, најчесто се полнети се со фил од ванила, кафе или чоколадо, а од горната страна се прелиени со чоколаден прелив или шлаг. Па, ако сакате да се почестите или пак да ги израдувате вашите најблиски со вкусен десерт, еве едноставен начин да направите еклери.
*Забелешка: шолјата е од 250 мл.