Најдобриот рецепт на Мика Антиќ за среќна година

Земете 12 месеци, добро исчистете ги од горчина, себичност и страв. 

Секој месец внимателно исецкајте го на 30 или 31 ден, така што залихите се доволни за цела година. 

Секој ден посебно исполнете го со : 1/3 работа, 1/3 ведрина и 1/3 хумор, со додаток на 3 лажици оптимизам, 1 лажица трпение, зрнце иронија 

Обилно прелијте со љубов

Целото јадење исполнете го со букет ситно внимание и сервирајте го секој ден, со задолжителна ведрина, со шолја добар, освежувачки чај.

Напомена: Рецептот не го чувајте за себе, туку споделете го со другите.