Најдобар рецепт за новата година: Не ги преувеличувајте лошите денови, така само ќе ја изгубите магијата на добрите

Животот е тежок и навистина е така за сите нас. Можеме да ги гледаме своите проблеми и да мислиме дека нам ни е најтешко, но ќе се излажеме. Секој од нас носи свој товар и свои проблеми. Разликата е во тоа како се справуваме со тешкотиите кои ни ги носи животот.

Луѓето со смисла за хумор имаат 50 % помал ризик од било кои болести, а дури 70% помал ризик за смрт предизвикан од срцеви заболувања. Луѓето кои често се смеат животот го гледаат од позитивната страна и така полесно се соочуваат со проблемите.

Напнатоста и грижата не нè носат никаде. Само си создаваме состојба на грижи и очај и се одалечуваме од убавите работи кои можат да ни се случат.

Често се сожалуваме самите себеси и живееме напнато, имајќи многу мал видик, односно гледајќи ги само лошите работи во нашиот живот. 

Животот не е среќен филм, но можеме да направиме некои работи во новата година кои ќе ни помогнат да бидеме посреќни:

  1. Прифатете ги работите такви какви што се.

  2. Не одете со глава во ѕид за нешто што не можете да го промените.

  3. Немојте да мислите дека луѓето се менуваат преку ноќ.

  4. Опуштете се и длабоко дишете кога ќе наидете на ситуација која наликува на проблем. 

  5. Разгледувајте ги работите од здрава дистанца. Не се преоптоварувајте за нешто што се случило или може  да се случи.

 

Животот е таков каков што е. Тој носи убави и лоши денови. Не ги преувеличувајте лошите, бидејќи ќе ја изгубите магијата на оние добри. Уживајте смејте се, тоа е барем бесплатно.