Најдете храброст да ги напуштите оние кои не ви даваат причина да останете

Пауло Коелјо напишал дека ако имате храброст да кажете збогум, животот ќе ве награди со најубаво здраво.

Оваа мисла треба секогаш да ја имаме предвид кога размислуваме дали да заминеме од одредена личност која не ни дава причина да останеме. Чекаме светло на крајот на тунелот, но не гледаме никакво придвижување напред. Се држиме грчевито до личноста која прави да бидеме несреќни и чекаме некој да се промени, а тоа не се случува. 

Вистината е дека имаме многу причини да останеме во таквиот однос. Некогаш ја сакаме личноста премногу, некогаш се плашиме дека ќе останеме сами, некогаш веруваме дека љубовта е посилна од сè.

Но, често тоа што мислиме дека е љубов, впрочем не е.  Тоа е само отровно чувство кое ве уништува одвнатре. Може да боли кога ќе си заминете, но боли уште повеќе кога останувате. Можеби треба да бидете храбри за да донесете одлука, но штом го направите тоа брзо ќе станете помирни и ќе чувствувате олеснување, баланс и хармонија.

Немате причина да останувате во врска која ве прави несреќни. Ако некој не ви дава причина да останете, зошто би го направиле тоа? Ако некој не ви покажува дека сте сакани, зошто би сакале?

Не се мачете, никој не е достоен за вашата болка и вашите солзи.

Оној кој е доволно храбар да ја остави несреќата позади себе, ќе наиде на отворена врата кон среќата пред себе!