НА ТРЕНИНГ СО МАРЈАНА СТАНОЈКОВСКА - Денот не ми поминува без свежа салата!

Марјана Станојковска која важи за една од најубавите жени на домашен терен вели дека нејзиниот добар изглед се должи на генетиката, но и на начинот на исхрана кој што го практикува долги години наназад. Задолжителен секојдневен оброк на менито на водителката, манекенка и лото - девојка се салатите, а веќе извесен период консумира и тонус леб кој е направен без брашно.

“Изгледа дека е генетика пред се.Меѓутоа морам да споменам дека умереноста во исхраната игра голема улога и токму од таа причина никогаш во животот не сум применувала некоја ригорозна диета. Внимавам од аспект да се хранам здраво.Многу малку внимаваме за тоа колку од продуктите кои што ги користиме се здрави, а многу повеќе се грижиме за тоа колку калории имаат истите. Тука само ќе ги споменам најголемите “непријатели”на човекот кога е исхраната во прашање.

Често слушаме за штетноста на шеќерот, брашното, солта од страна на лекарите и нутриционистите. Тие го зголемуваат ризикот од мн болести, пред се кардиоваскуларниот систем, предизвикуваат гојазност, дијабетес и многу други проблеми од здравствен карактер. На нашиот пазар постои и замена за сите овие продукти, така што можат да се избегнат доколку постои желба за тоа.

Јас со години користам нерафиниран теннокафеав шеќер или стевиа, хималајска сол и во последната год Тонус леб односно леб без брашно. Исто така морам да напоменам дека консумирам овошје и зеленчук како и јаткасти плодови.Буквално не ми поминува денот без некоја свежа салата”, откри Станојковска која после пауза од една година повторно се активира физички и веќе извесен период вежба аеробик, фитнес и пилатес.

“Иако направив пауза од година дена поради вклештен нерв во половината, од неодамна почнав повторно да вежбам, овој пат комбинација од пилатес, аеробик, фитнес и една нова дисциплина кај нас “Антигравити”.Станува збор за исклучително интересна програма , спој од спортски и танцови движења изведени на висечко платно т.н “хамок” Сите овие 4 дисциплини имаат различни придобивки.Аеробикот е најдобра кардио вежба, пилатесот ми помага за ‘рбетниот столб, фитнесот е идеален за зголемување на мускулната маса и антигравити за подобрување на сите основни процеси во организмот”, додаде Марјана која смета дека надворешната убавина кај жената е минлива, па токму поради тоа ги советува припадничките на понежниот пол да обрнат внимание на убавината која ја поседуваат одвнатре и да поработат на истата.

“Верувам дека најдобро поминуваат во животот жените кои што се сакаат себе, такви како што се. Сите вие прекрасни, силни и храбри жени погледнете во себе.Не сте убави само надворешно.Убави сте во мислите, во срцето, во душата, убави сте на толку многу невидливи начини.Надворешната убавина не е единствена, најмалку пресудна”, заклучи манекенката.