На Тexas и Дарко Рундек за 1000 денари!

Фестивалот SKOPJE CALLING 2018, ќе се одржи на стадионот АРМ на 23 јуни (сабота), каде хедлајнери ќе бидат TEXAS, а пред нив ќе настапи ДАРКО РУНДЕК.

Една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња, групата „Texas“, за прв пат доаѓа на Балканот, а во Македонија ќе настапи во рамки на вториот фестивалски викенд „SKOPJE CALLING“. 

„Texas“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40-милионски тиражи. Имаат неверојатни 13 синглови што се најдоа во престижната UK топ 10 листа, три албуми што се најдоа на врвот на UK листата и осум албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Пејачката Шарлин Спитери во Скопје ќе настапи со сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други.

Влезниците ќе бидат во продажба од овој петок во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по цени од 1000 денари партер и 1.500 денари фан пит.

Се очекува едно извонредно шоу за сите генерации.