На светот не постои ниту една личност како нас и секој од нас живее своја приказна

Често се плашиме дека оние кои ги сакаме ќе најдат подобра личност од нас, некој попаметен, поубав, со повеќе заеднички интереси. Иако секогаш постои шанса тоа да се случи, сепак треба да запаметиме едно најважно нешто:

Постојат многу луѓе на светот, но само една личност како вас. Вие самите.

Тоа може да биде доволно за вистинската личност во вашиот живот, за добрите пријатели и сите оние кои ве сакаат. Кога некој решава да дојде во вашиот живот и да си замине, дозволете им да го направат тоа. Некои луѓе не доаѓаат во нашите животи за да останат. Ретки се оние кои ќе останат до вас со крајот на вашиот живот, кои ќе ве сакаат онакви какви што сте. Треба да верувате во себе и да имате доверба во себе и тоа што сте.

На крајот на денот, можете да ги контролирате своите емоции, можете да го контролирате свооето срце, но не можете да ги предвидите сите работи. Не можете да ги задржите луѓето во себе. Не треба да дозволите да го изгубите својот ум за оние луѓе кои никогаш не ни планирале долго да останат во вашиот живот.

Потсетете дека на светот нема ниту една личност како вас. Никој не зборува како вас, никој не слуша како вас. Никој ги нема ваашите маани и доблести. Вашата смисла за хумор и искреност. Никој ја нема истата сила и истата ранливост. Секој од нас живее различна приказна.

Не се критикувајте себеси. Не очајувајте поради луѓето кои не сте успеале да ги задржите во својот живот. Знајте дека сте го направиле своето и дека не можете повеќе од тоа. Нештата кои другите луѓе ги прават не се за вас. Некои луѓе не знаат што бараат. Некогаш тоа што го бараат е различно од вас.

Затоа, секогаш кога ќе се чувствувате уплашено, тажно и потиштено, потсетете се дека на светот не постои ниту една личност како вас. Потсетете се колку вредите и колку сте постигнале во животот, колку сте дале за да бидете тоа што сте денес. Тоа што некој не ве избрал да биде до вас, не значи дека до вас не постои место за најдобрата личност која ќе се појави во вашиот живот.

Затоа, треба да верувате во себе. Дека сте одлични, дека сте доволни. Дека сте вистинската личност за себеси. Во својот живот. Да верувате во својата приказна и да ја креирате самите, продолжувајќи понатаму, во својот свет.