На скопските клиники пренесен повреден планинар од Пелистер

Дирекцијата за заштита и спасување од Битола информира дека вчера на Пелистер повреден бил планинар кој крварел.

Лицето било преземено со хеликоптер од МВР и е пренесено во Државна Болница Скопје во 16 часот.