„На Скопје со љубов“ - песна и видео спот

Во чест на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“ и Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје“ при оваа институција снимија песна и видео спот посветени на Скопје.

Песната „На Скопје со љубов“ ја исполнуваат Лидија Кочовска и Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје“. Музиката и аранжманот се на Борислав Боби Јоргушески, а текстот на Викторија Маџаревка.

Традиционално и оваа година, Детскиот културен центар „Карпош“ во чест на Град Скопје ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2019“, која е посветена на децата од предучилишните установи. Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Манифестацијата „Го градам мојот град 2019“ ќе се одржи денеска, од 10 до 11 часот во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“. Секоја градинка ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе го осмислат или одберат да се гради е по нивен избор. Градежниот материјал што ќе го користат децата за макетите е исто така по нивен избор и може да користат се што сакаат – коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца, камчиња, се што нуди природата.  За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.

Спотот е на следниот линк: 

https://www.youtube.com/watch?v=dMpI6XMl69I