На што ве предупредува телото: Ви се јаде благо или солено?

Желбата за одредена храна не е само  хир, туку начин на кој телото се обидува да се ни каже дека нешто ни недостасува. Желбата за одредена храна е сигнал дека недостасува некој нутритив.

Поголемиот дел од храната се одгледува во земја во која се исцрпени минерали, а според студиите на американското Министерство за агрокултура просечниот внес на хранливи материи како калиум, калциум и магнезиум е многу низок, така што во блиска иднина може да стане глобална здравствена закана.

Дали ви недостигаат одредени минерали може да проверите со анализа на крвта во приватните лаборатории или пак по препорака на лекарите на општата пракса.

Ако имате желба за леб и тестенини тоа може да биде сигнал за недостаток на азот во исхраната. Ако сакате јаглехидрати најдобро е да јадете храна богата со протеини како риба, месо, ореви и житарки. Азотот е важен за нормално работење на срцето, бубрезите и здрава кожа и коса.

Ако постојано ви се јаде чоколадо, тоа е сигнал дека ви недостигна магнезиум. Потребите за магнезиум растат во период на стрес. Место чоколадо јадете ореви, разни семки, урми, житарки и лиснат зеленчук.

Желбата за кафе може да крие недостаток на сол. Ако постојано имате потреба за чај или кафе значи ви недостига фосфор, сулфор, сол и железо.

Ако вашето тело постојано „ви бара“ чипс, помфрит или брза храна, можно е да ви недостига калциум. Одличен извор на овој минерал освен сирее се млеко, јогурт, сардини, лосон и брокули.