На шопинг во Шутка – Се ќе најдете на едно место од игла до локомотива

Класика се веќе шопинг турите во Солун и Софија. Да отидеш на шопинг во Шутка, да си купиш се “оригинал” , за мала сума на пари.

Прочуен е пазарот во Шуто Оризари низ Македонија. Од сите градови одат таму, каде може да најдеш се и сешто, ама едноставно и да се изнасмееш.

Многу тезги, продава исклучиво ромско население, се нафрлано едно врз друго. Гардероба за пробување нема, ама има ќебе во еден ќош, па можеш зад него да се соблечеш и да си пробаш, вој е изворот.

“Оригинал” ташни за 300 денари, “оригинал ” патики за 800 денари, јакни, кошули, накит, козметика, долен веш, “златен”накит, еден куп светки... се на едно место.

Во Шутка можеш да купиш маици за 100 денари, долен веш 6 пара за 100 денари, чорапи пара за 100 денари и што уште не за 100 денари.

Од пиле млеко има , а ако снема тоа е моментално, од игла до локомотива, како и пруги. Паркинг обезбеден сосве чување, перење кола и чување роба. 

Можеш да ренташ и дете да ти ги носи кесите .Башка све е оргинал гучи, версачи... 

Пазарот во населбата Шуто Оризари е познат по ниските цени и по можноста за пазарење, па за помалку пари да се купат повеќе работи. Наредени куп тезги една до друга,секоја нуди нешто слично, ама барем за десетина денари поевтини од соседите, како што велат тие „за инат“. 

Ако решиш да одиш на шопинг во Шутка треба да бидеш спремен на многу работи. Треба да знаеш дека новчаникот, а и мобилниот не треба да ти се во џеб, затоа што џепарошите кои ги има ќе ги почастиш. Ако пак носиш ташна добро држи ја пред себе, затоа што додека се свестиш ќе останеш само со рачките во рака. И тогаш ништо од шопинг.