На повеќе локации во Ѓорче Петров се спроведува акција за собирање смет

На повеќе локации во општина Ѓорче Петров се спроведува голема акција за собирање смет. Се чистат депонии кај фабриката “Адинг”, во Кучково, кај ООУ “Јоаким Крчоски”, во Ново Село, под обиколницата и на други локации.

Подигнато е повеќе од шест камиони шут, кабаст материјал и смет, информираат од општината.

„Акција за чистење на улици и депонии се спроведуваше и викендов. Службите на општината во соработка со Град Скопје интервенираа на повеќе локации, односно се чистеше на главните, собирните и споредните улици во општината. Покрај општинските комунални служби, во акцијата беше вклучено и Јавното претпријатие “Комунална хигиена”, соопшти прес-службата на општината.

Тие велат дека целта на акцијата е почисто Ѓорче, слободен пристап до објектите каде што до скоро имало шут, но пред се, заштита на животната средина и превентивно делување заради опасност на ширење зарази од депониите кои подолго време не биле расчистени.