На кој цвет ќе слета пеперутката? Вашиот одговор одредува какви сте во врската

Какви сте во врска? Постојат многу експерименти кои можат да ви го покажат тоа, а овој тест е еден од наједноставните од нив.

Одберете го цветот за кој верувате дека е најпривлечен за пеперутката.

Повеќе за резултатите прочитајте на втората страна.

А

Вие сте посреќни кога сте во врска

Не сте личност која сака да биде во врска по секоја цена, но дефинитивно сте посреќни во врска. Исполнети сте кога сте со личност која прави да се чувствувате посебно. Забавно ви е да доживувате нови и интересни нешта со личноста во која сте заљубени и не мислите дека е многу забавно да бидете сами. Не сте личност која се потпира на другата личност, но дефинитивно сакате поддршка и охрабрување.

B

Нема да стапите во врска, ако не сте уверени дека таа личност многу ви се допаѓа

Вие не размислувате многу за љубовта, но не и гледате негативно на неа. Се чувствувате како животот да е краток и пронаоѓањето на љубовта да не е крајна цел во животот. Никако не сакате да сте во врска само за да бидете во неа. Сакате да пронајдете  љубов со некој кој вистина ви значи. Нема да се обврзувате за личност за која немате чувства.

С

Вие сте личност која сака да ужива во слободата

Вие сте некој кој може и до крајот на животот да живее сосема сам. Сакате да бидете во врска и да бидете среќни, но за вас сосема е во ред да уживате додека сте сами доколку не сте ја пронашле вистинската личност. Независна личност сте и одлично донесувате одлуки. Сметате дека вашето време е многу важно и не се трудите да размислувате како би било кога би било.

D

Вие навистина сакате да бидете во врска

Сакате да запознаете личност која е посебна. Често се чувствувате осамено и сте посреќни кога можете да се потпрете на друга личност. Кога размислувате за среќа, мислите на љубов, романтика, семејство. Важно е за вас да имате стабилна емоционална врска, семејство и брак.