На кафе со Васил Гарванлиев

Македонската јавност го памети како младо момче изведувач на легендарната детска песна „Марионка“,  повеќе од 9 години живееше во Торонто каде што изгради успешна кариера како оперски пејач.  Големата желба да запее пред македонската публика по долг период го врати дома.

Како го започнуваш денот? Дали имаш некои утрински ритуали?

Кафе. Теретана/Трчам. Кафе. 

Без разлика на температурата надвор, секогаш пијам ладно кафе. Ако дома ладно Нес со цимет, ако е надвор ладно еспресо со многу малце млеко на страна. И шеќер!

Која е твојата асоцијација на струмичко, а која на скопско утро?

Струмичко - дома со мама & Jäger (куче поголемо од мене) и кафе со книга во мојата втора дома “Концепт” - масата во ќоше која си ја нарекувам - мојата дневна соба.

Скопско - звукот на учениците од Нова, кафе во кревет со инстаграм, и трчајќи на кеј. 

Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?

25ти април ... зошто не е ладно, а не е ни топло ... хаха 

Струмица или Скопје?

Зависи за што ;) 

На Скопје и Струмица им недостасува…

Искрена Љубов и ред 

Скопје во само три зборови…

Маска, Корен, Срце 

Кои се твоите следни работни ангажмани, на какви/ кои проекти ќе работиш оваа есен?

Вратен сум веќе една година и спремам многу проекти. Оваа есен ќе пуштам две нови песни - алки од мојот Ѓердан со два видео записи. Една брза и весела, а другата моќна “гола” балада која ќе биде премиерно изведена на мојот соло концерт пред крајот на годината.