На кафе со Петар Младеновски- Пеце

Фронтмен на „Суперхикс“, уредник и водител на радиоемисијата „Пецетека“. Градот го обожава во лето и за време на продолжените викенди кога Скопје “дише“ во вистинска смисла на зборот.

Како го започнувате денот? Со кого го пиете првото кафе?

Го пијам сам, разгледувајќи ги порталските новости и ФБ новости. Веднаш по првото следува и второто во Урбан ФМ. Најчесто одат едно по друго во краток интервал :)

Која е вашата асоцијација на скопско утро?

Нервозни возачи, гужва, галама, метеж...повеќе ги сакам скопските ноќи.

Во кој период од годината Скопје Ви мами најмногу насмевки?

Летото. Кога повеќето сограѓани се на годишни одмори. Кога гледам дека на мојот паркинг во Капиштец има само десетина автомобили.

Викендите во Скопје се посебни затоа што..

Посебни се оние кога имате продолжен викенд. Тогаш Скопје “дише“ и е каде каде порелаксирано за прошетка и посета на некој ресторан или бар.

На Скопје му недостасува…

Старото Скопје… Ова “новото“ се помалку личи на град со сите негови потребни епитети..

Скопје во само три зборови…

Пренаселено, Хаос, Небезбедно...Далеку од Скопје кое го познававме некогаш. За жал..

На крајот, кои се вашите следни работни ангажмани, на какви/ кои проекти ќе работите оваа есен?

Изложба во чест на мојот починат брат – академскиот сликар, Димитар Младеновски која ја организирам со здружението КУЛТИ ВАТОР во галеријата на средното уметничко училиште(до 25ти септември) Секојдневни емсиии ПЕЦЕТЕКА (веќе 1210!) на Урбан ФМ со старт од 12ч. Нов сингл во етер од Суперхикс насловен како АНА. Мини турнеа низ Балканот во Ноември.  И секако-училишни и вонучилишните обврски со децатаJ.