На кафе со Ирина Тошева

(фото: Miladin Papovic Photography)

 

Една од најиновативните македонски дизајнерки. Скопјанка која инспирација за создавање на своите уникатни колеции наоѓа и на неколку локации во градот, како што се Чаршијата и Музејот на современа уметност.

Дали имаш посебни ритуали за почеток на денот?

Се расонувам со кратка утринска прошетка со мојата миленичка Мини, шоља вкусно кафе и читање на модните вести.

Која е твојата асоцијација на скопско утро?

Изгрејсонце и тишина.

Во кој период од годината градот ти мами најмногу насмевки?

Скопје е најубаво во пролет. Сѐ се буди. Апчих.

Викендите во Скопје се посебни затоа што ….

ги минувам со лезет.

Локација во Скопје која посебно те инспирира…

Чаршијата и Музеј на современа уметност

На Скопје му недостасува зеленило и основна култура.

Скопје во само три зборови…

Љубов, Наше, Ѓубре

На крајот, какви ангажмани те очекуваат оваа есен?

Есенската агенда ми започна со првиот настан на Fashion Revolution, каде што бев дел од тимот, па подготвувањето на колекцијата за претстојното јубилејно 20то издание на Моден викенд Скопје. Измеѓу имам планирани и интересни гостувања надвор од нашата земја.