На денешен ден, пред 79 години Скопје било бомбардирано од германската нацистичка авијација

На денешен ден, пред 79 години Скопје било бомбардирано од германската нацистичка авијација. Во нападите загинале повеќе од педесет лица, голем број биле ранети, а градот претрпел големи материјални загуби.

Само неколки месеци подоцна, на 22 август е формиран Првиот скопски партизански одред.

Во текот на војната, од 6 април 1941 до 13 ноември 1944 година, животите ги загубиле 4654 граѓани на Скопје.