На 15 км од Скопје: Од бога дадена природа, но заборавена од луѓето

На само петнаесетина километри од Скопје се наоѓа селото Кучково.Тука можете да уживате во чистиот воздух, прекрасната природа и лековита вода...

Дека речиси секое македонско село крие по некоја приказна за места со чудотворна моќ, зборуваат и жителите од Kучково. За многумина најубавото село во скопската околина, се крие една многу стара тајна, а која се врзува за изворот што постои во атарот на селото. За него прво знаеле малкумина, претежно жители на селото, но во последните години изворот наречен „Миочи“ го посетуваат дури и луѓе од околните држави.

Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.

Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.