МВР со детали за страшната железничка несреќа во Скопје (ФОТО)

Патничкиот меѓународен воз кој сообраќа на релација Скопје – Приштина вчера попладне удрил во патничко возило „форд фиеста“, управувано од Д.С. (77) од Скопје, соопшти полицијата.

Возачот на фиестата е тешко повреден и во животна опасност.

Несреќата се случила во 16:30 часот на делот од пругата меѓу железничките станици Ѓорче Петров и Волково, а Д.С. со итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Маја Тереза“.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Скопје. За време на увидот, од 16:30 до 20:04 часот, железничкиот сообраќај беше во прекин.