МВР казни 6 пешаци, а „пајакот” подигна 70 возила

Во текот на 20.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што oд сообраќај се исклучени двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкционирани се шест пешаци. Во текот на изминатиот ден 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.