МВР излезе со официјални информации за двете лица кои користеле флешери

На 04.04.2020 во 21 часот на ул.“Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање. Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.