МВР: Граѓаните со закажан термин по 16 часот, да бидат примени во било кое време

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека работното време во организациските единици на Министерството и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24 април е организирано од 8 до 16 часот.

Од страна на Одделот за граѓански работи беа доставени насоки до сите подрачни единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин.

„Насоките доследно се спроведуваат од подрачните единици, за наведеното е известен и економскиот оператор надлежен за закажување на термини за поднесување на барања за лични документи“, соопштија од МВР.