Музејот на македонската борба ќе ја одбележи „Ноќта на музеите“

Музејот на македонската борба ќе се вклучи во одбележување на европската манифестација „Ноќ на музеите“. Викендов во фоајето на музејот ќе биде претставена изложба по повод одбележувањето на 25-години постоење на најмалиот етнолошки музеј на светот, музејот во Џепчиште, Тетовски.

Утре со почеток од 20 часот ќе биде означен почетокот на изложбата со што и двата музеја ќе се приклучат кон европската манифестација. Оваа прилика е и одлична шанса да се промовира музејот од Џепчиште, но и музеите во Македонија генерално. Како што е веќе познато, оваа година се спроведува проект на соработка помеѓу музеите низ државава со цел подигање на стандардите и понудата во нив.