Мувтаџиски занает – некогаш неизбежен, а денеска речиси мртов

Ако ги прашате денеска помладите дали знаат што е мувтаџиски занает, нема воошто да знаат да ви одговорат. Станува звор за еден од најстарите македонски занаети, кој во минатото бил неизбежен, а денеска е речиси мртов.

Под мутавџискиот занает се подразбира изработка на черги, патеки, дисаѓи, вреќи, торби (за овчари), мутави (за покривање на добитокот) и слично.

Името на занаетот доаѓа од поимот мутави, кој порано се користел за черги.

Мутавџилакот подразбира познавање од предење, кледисување, ткаење, сновење и од шиење, но и креативност… а процесот на изработка е доста макотрпен и долг.

Чичко Стојман, целиот свој живот се занимавал со овој занает. Занаетот го научил од својот татко, кој во минатото имал своја работилница, низ која поминала многу чираци, кои своите почетови ги почнале токму таму, благодарејќи на некогавата несебична помош. Стојман заедно со татко му изработувал разни черги, вреќи, а имале и свој дуќан на друго место каде ги продавале истите. Цената на тие производи била доста висока. Но, секое домаќинство имало потреба од истите.

Денес овој занает не е застапен оти потребата од него не е толку голема како порано.
Меѓутоа, овој занает порано бил меѓу најценетите и најисплатливите што постоеле.

Денес заинтересираноста кон овој занает нема.