Мурал во чест на скопските пожарникари

Град Скопје, во рамките на европскиот проект Креарт, стартува со изведба на мурал насловен како „Хероите на градот“ во чест на скопските пожарникари.

Муралот ќе биде изведен на пожарникарската кула во Автокоманда, на површина од 170 квадратни метри.

Авторка на муралот е реномираната уметница Јана Јакимовска, професорка на ликовната академија во Штип.

Муралот е дел од проектната активност „Стрит арт“, во организација на Младинскиот културен центар.