Мудра приказна: Зошто луѓето враќаат со лошо кога некој им прави добро?

Им се случува на сите понекогаш. Луѓето само ги затвораат очите на добрите намери. Го преколнуваат секој искрен труд кој го правиме за да помогнеме некому.

Но, зошто се случува тоа? Оваа мудра приказна има одговор.

Некогаш одамна, една девојка цела во солзи чукнала на вратата на стариот мудрец и му ја раскажала својата приказна.

-Не знам како да продолжам со својот живот, рекла со треперлив глас. Целиот живот се однесував со луѓето онака како што сакав тие да се однесуваат со мене. Бев искрена, го отворав своето срце, секому му покажував и му давав дел од себе. Секогаш кога можев, им правев добро на другите. Често не очекував ништо за возврат, помагав со тоа што го имав. Но, сите ме изиграа. Ме повредија до коска. Ме изневерија и навредија. Едноставно сум уморна.

Те молам кажи ми што можам да направам? -  во солзи го молела таа.

Мудрецот ја слушал и и го дал овој совет:

-Соблечи ги алиштата и трчај потполно гола.  – рекол тој.

-Не сум падната толку ниско. Вие се шегувате со мене. Ако тоа го направам можам сешто да очекувам од луѓето. Тие ќе ме исмеваат.

Мудрецот одеднаш станал и ставил огледало на масата кое гледало кон вратата.

-Срам ти е да се соблечеш гола, но не се срамиш од тоа да ја соголиш својата душа пред другите луѓе. Ја држиш отворена како оваа врата. Пушташ секому во своето срце. Твојата душа е огледалото, затоа можеме да ја видиме нашата рефлексија во другите. Нивните души се лоши, всушност како и лошата слика која ја гледаат кога ќе ја видат твојата чиста душа. Тие немаат ниту сила, но ниту храброст за да признаат дека си подобра од нив  и дека тие се оние кои треба да се менуваат.

-Што би требала да направам? – прашала младата девојка. Како да го променам ова кога всушност не зависи од мене?

-Тргни со мене, имам нешто да ти покажам – и рекол стариот мудрец.

-Ова е мојата градина. Се грижам за ова цвеќе со години. Да бидам искрен, никогаш не сум видел исушено цвеќе во неа. Напротив, тука е  исполнето со овие убави цветови, кои восхитуваат со својата убавина и мирис.

  • Драго мое дете, учи од природата. Погледни го ова преубаво цвеќе и види што прави тоа. Внимателно отворај го срцето пред другите, така што и никој нема да го забележи тоа. Отвори ја својата душа кон добрите луѓе. Тргни се подалеку од оние кои ги газат убавите ливчиња на цветовите.