Можеш да преживееш кога сакаш, не е до другите – до тебе е!

Можете да преживеете кога сакате. Можете да бидете силни кога сакате. Можете да бидете свои кога сакате. Што чекате?

Животот ќе ве научи на сѐ и сешто, а највеќе ќе ве научат луѓето кои ќе ви направат сѐ и сешто, па сфаќате колку е голема вашата сила и одлучувате да не се предавате на секој удар на судбината. Можете да преживеете кога знаете дека сте се родиле со цел и дека сите проблеми со кои се соочувате, сите препреки кои луѓето ви ги подметнуваат не можат да ви направат ништо, затоа што судено ви е само она што вие го знаете.

Можете да преживеете кога ќе ја занемарите бучавата на гласовите кои околу вас се пробиваат секој ден, затоа што знаете дека луѓето бараат парче внимание, близина, нежност, но на погрешен начин, затоа што сите го прават тоа во исто време и на исто место. Можете да преживеете кога ќе се отргнете од луѓето и кога ќе почнете да ги правите работите кои вас ве прават среќни, свесни дека не загрозувате никого, но и не дозволувате некој да ви упадне во светот и да ве вознемирува вас.

Можете да преживеете кога ќе сфатите дека тоа што луѓето се лоши не мора баш да ве допира, освен ако директно не влезат во вашиот простор, затоа што во главата секогаш можете да се правите дека не сте го чуле она што сте го чуле, дека не сте го виделе она што сте го виделе. Можете да преживеете кога ќе сфатите дека никој нема и не мора да ви дава извештај за својот живот, затоа што секој има право да живее како што најдобро знае и умее.

Можете да преживеете кога ќе престанете самите да си се оправдувате затоа што не ја користите сета снага која ја имате и затоа што не е вистинско време да бидете најдобри што можете. Можете да бидете силни кога сакате. Зошто да не го правите тоа сега? Можете да бидете свои кога сакате. Зошто да не почнете веднаш? Немојте да дозволите да жалите за овие работи кога ќе биде предоцна за тоа. Што и да е, како и да е, можете да преживеете кога сакате, не е до другите, до вас е – колку сте подготвени да издржите и да одите напред!