„Можеби“ не е одговор!

Јас не заслужувам од тебе да го слушнам зборот „можеби“. Тоа никој не го заслужува. Затоа што „можеби“ не е одговор. Никој не заслужува да го слушне здодевањето од другата страна на линијата, без воошто да те праша како ти поминал денот. Никој не заслужува да те чека, само затоа што со денови не се јавуваш. 

Никој не заслужува да биде со некој кој не се труди да ти го разубави денот. Никој не заслужува да се чувствува осамено додека е во врска со некого. И никој не заслужува да не биде ценет за неговиот труд, а другата страна да не се ни труди за нешто.  Никој не заслужува да го слушне зборот „можеби“. Не сакам веќе да те слушам како ми кажуваш дека ќе „размислуш за тоа“, или дека „можеби“ ќе одиш некаде со мене. Не сакам повеќе воодушевено да ти зборувам за настаните кои наскоро ќе се случат, а ти да ми превртуваш со очи. Не сакам моите чувства да ги повлекуваш надолу, а воедно да градиш ѕидови помеѓу нас.

Преку глава ми е од тоа да бидам газена од луѓето и да се однесуваат кон мене како со парче месо. Преку глава ми е од тоа да ме потценуваш, да се поигруваш со мене. Јас не сум празна кукла, јас сум жена, тажна жена, но само моментално. 

Заслужувам прегратки кои немаат крај, заслужувам бакнежи кои го застануваат времето, заслужувам воодушевено да изговорам „ДА“, со толку голема насмевка која нема да можам да ја симнам од лицето во следните неколку денови. 

Сите заслужуваме многу повеќе од само едно обично „можеби“.

Сите заслужуваме разговори поради кои нашето тело ќе трепери од страст. И ручеци кои со часови ќе траат. Заслужуваме долги ноќни разговори поради кои нашите срца ќе блескаат во мракот. Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваме повеќе.

Заслужувам во мојот живот да имам луѓе кои ќе се грижат за мене. Кои посакуваат да ми го променат животот за да бидам најдобра што можам. Оние кои ми ја допираат душата и кои сакаат да гледаат како очите ми сјаат.

Сите заслужуваме подобро отколку што мислиме. 

Вие кои ова го читате – знајте дека заслужувате сѐ најдобро. 

Не заслужувате некои кои ќе ги спуштаат рамениците покрај вас како да не постоите. 

Вие, да вие, заслужувате само позитивни одговори. 

Вие заслужувате да ги имате најдобрите луѓе околу вас. 

Заслужувате луѓе кои ќе ви докажат колку сте уникатни, посебни и благословени луѓе.