„Можеби“ не е одговор!

Јас не заслужувам да слушам како ми викаш „можеби“. Тоа никој не го заслужува, затоа што „можеби“ не е одговор. Никој не заслужува да го чуе звукот на досадување од другата страна на линијата, без воопшто и да праша како ми поминал денот. Никој не заслужува да те чека, затоа што ти си решил со денови да не се јавуваш. 

Никој не заслужува да биде со некој кој воопшто не се труди да некому да го разубави денот. Никој не заслужува да се чувствува осамено додека е со некого. И никој не заслужува да гледа како неговиот труд воопшто не се цени, а другата страна воопшто не се ни труди. Никој не заслужува да го слушне зборот „можеби“. Не сакам повеќе да те слушам како ми велиш дека „ќе размислиш за тоа“, односно дека „можеби“ ќе одиш некаде со мене. Не сакам со радост да ти раскажувам за настаните кои ќе се случуват, а ти да ме гледаш со гадење. Не сакам моите чувства да ги повлекуваш кон дното, а воедно да градиш сѐ повеќе ѕидови меѓу нас.

Преку глава ми е да дозволувам луѓето да ме газат и да се однесуваат со мене како да сум парче месо. Доста ми е од тоа да ме потценуваш и да си играш со мене. Јас не сум празна кукла, јас сум жена – тажна жена, но тоа е само моментално. 

Заслужувам прегратки на кои им нема крај, заслужувам бакнежи кои го замрзнуваат времето, заслужувам воодушевено да изговорам „да“, заслужувам  голема насмевка која нема да ја симнам од лицето.  

Сите заслужуваме повеќе од едно обично „можеби“. Сите заслужуваме разговори поради кои нашето тело ќе трепери од среќа. И ручеци кои ќе траат со часови. Заслужуваме долги ноќни разговори поради кои нашите срца ќе блескаат во мракот.

Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваме повеќе. 

Јас заслужувам во мојот живот да имам луѓе кои се грижат за мене. Кои сакаат да ми го променат животот и сакаат да бидам најдобра што можам. Оние кои ми ја допираат душата и сакаат да гледаат како блескам. Сите заслужуваме подобро отколку што мислиме дека заслужуваме.

Вие кои ова сега го читате: Заслужувате сѐ најдобро! Не заслужувате луѓе кои слегнуваат со рамениците како да не постоите. Вие, да вие, вие ги заслужувате сите одговори на овој свет. Ги заслужувате најдобрите луѓе околу себе. Заслужувате партнери кои ќе ви покажат колку сте единствени, посебни и благословени луѓе!