Можеби малку избрзав: Богдановиќ го нарече Димитров идиот, па се покаја

Можеби избрзав малку, но му кажав на министерот дека тој застапува политика на држава и не треба да се меша во работи што не се во негова надлежност, изјавил градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ откако претходно го нарече Димитров идиот за неговиот став околу нобеловецот Хандке.

Богдановиќ за „Порталб.мк“ истакнал дека навредата била последица на избрзана постапка и дека воопшто не поддржува луѓе што поддржуваа злосторства против човештвото.

- Не сум поддржувач на злосторства, без разлика за кого станува збор. Можеби избрзав малку. Сите сме луѓе и може да избрзаме, изјавил првиот човек на о. Центар.