Мораме да уживаме во животот, секогаш да сме окружени со луѓе кои ни се допаѓаат, а со кои можеме убаво да разговараме

Софија Лорен е родена на 20 септември во Рим, далечната 1934 година. Таа е првата Оскаровка надвор од англиското говорно подрачје.

Нејзиниот живот бил исполнет со многу убавина и успеси. Тоа и служело како инспирација за дневникот кој уредно го води. На крајот на годината, таа го палела својот дневник, бидејќи велела дека некои работи сака да ги задржи само за себе.

Во продолжение се некои од нејзините најпознати мисли.

Сексипилот е 50% од она што го имаме и 50 % од она што луѓето мислат дека го поседуваме.

Мораме да уживаме во животот. Секогаш да сме окружени со луѓе кои ни се допаѓаат, а со кои можеме убаво да разговараме. Постојат толку многу позитивни работи за кои можеме да разговараме.

По сите овие години, уште сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро е да го истражуваме животот и да правиме грешки, отколку да играме на сигурно. Грешките се дел од долговите кои секоја личност ги плаќа за исполнетиот живот.

Мајката секогаш мисли два пати. Еднаш за себе, а втор пат за своето дете.

Постои фонтана на младоста. Тоа се вашиот ум, таленти, креативноста која ја внесуваме во животот и луѓето кои ги сакаме. Кога ќе научиме да го користиме тој извор, тогаш вистински ќе победиме.

Нашите очи не можат да бидат убави ако не сме заплакале.

Многу луѓе мислат дека ги сакаат работите, но немаат доволно сила и дисциплина. Верувам дека го добиваме тоа што го сакаме ако доволно го сакаме.

Заводливоста доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што го имаме или немаме, но тоа нема врска со градините или нозете или испрчените усни.