МОРА ДА ГИ ПРОБАТЕ: Овие мини палачинки го освоиjа светот!

Моментално најпопуларните Американски палачинки стекнаа многу обожаватели, но сега дојде ред на германскатаверзија на овој познат десерт.

Покрај тоа што е вкусен , можете да го филувате со омилениот чоколаден крем, џем, мармалад по желба.

 Состојки :

– 1 чаша (2 дл) на млеко

– 6 јајца

– 1 чаша брашно

– 1 кесичка ванилин шеќер

– ½ лажичка сол

– 1 лажичка екстракт од ванила

– ¼ чаша стопен путер

– Џем / крем / мармалад по желба

– Шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете го со миксер путерот, апотоа постепено додадете ги јајцата едно по едно и една кеса ванилин шеќер и екстракт од ванила. На крај, додадете брашно и млеко и се мешајте добро, додека не се добие компактна смеса.

Подгответе го плехот за мафини кој претходно е добро подмачкани прелијте го тестото за палачинки. Се пече околу 15 минути,извадете го од калапот кога ќе добие убава златна боја. Филот е ваша желба. Уживајте!