Моќта на позитивното размислување

Начинот на размислување има огромно влијание на тоа како изгледа нашиот живот и без оглед на тоа дали сме личност која може да ги совлада сите предизвици кои ќе се појават на патот, или пак некој кој е постојано исплашен од промените и предизвиците, начинот на којшто размислуваме има голема улога како се справуваме со сите нешта во нашиот живот, и добрите и лошите. Нашите мисли имаат моќ на тоа како се справуваме со нашите проблеми, како донесуваме одлуки и генерално како се носиме со животот.

Да се обидеме да играме една игра. Ние ќе опишеме една личност и важно е да ја замислите таа личност за неколку секунди. Бидете спонтани и бидете креатини. Размислувајте за тоа каков став би имала таа личност, каков живот живее итн.  Дали сте подготвени?

Ваш добар пријател ви зборува за успешен човек кој пред неколку години основал своја компанија. Обидете се да ја замислите оваа личност? Како живее? Какво е нејзиното социјално однесување? Дали се однесува добро кон своите вработени?

Се надеваме дека ја замисливте оваа личност, неговиот бизнис и можеби некој од неговите вработени. За неколку секунди, вашата имагинација создава слика за оваа личност.

  • Дали личноста е тажна и во лошо расположение?
  • Дали има недостаток на мотивација?
  • Дали е незадоволен од себе и своите вработени?

Веројатно на голем дел од овие прашања одговарате со не. Всушност, тоа е и нашата немра во однос на ова сценарио. Кога ги замислувавме успешните личности често не замислуваме личност која е тажна, нерасположена или која има недостаток на мотивација. Наместо тоа, замислуваме моќна, високо мотивирана личност која ужива во својот живот  и која е среќна поради тоа што го има.

Овој едноставен пример покажува дека вакво размислување и расположение треба да имаме за да бидеме успешна личност: позитивните мисли ни носат позитивен став, а со тоа и позитивни резултати во животот. Никогаш нема да постигнеме успех и среќа ако имаме негативен и демотивиран став кон животот. Никогаш!