Моќни зборови од мојата баба: Животот мора да се живее, поважни се искуствата кои ги стекнуваме, отколку бришењето прашина секој ден

Мојата баба е мудра личност. Таа нема завршено факултет, но има животно искуство и златни совети на кои секогаш можам да се потпрам. Кога ќе погледнеме во нејзините раце, тие изгледаат истоштено и напатено. Работела во фабрика целиот свој живот и немала премногу време да чита книги и да ужива во животот, како што таа сака. Денеска, таа е во пензија а нејзините зборови се смирени и точни.

Таа често ми вели:

Често седам на терасата, гледам во дрвјата пред мене, во зеленилото. Понекогаш пијам кафе, некогаш чај, а често се сеќавам на миговите во фабриката. Напорно работевме, за да го издржуваме своето семејство. Парите не беа многу, но среќата во домот беше доволна. Ги живеевме среќно сите празници, слави и заедно плачевме кога требаше да се тажи. 

Денеска, не можам веќе да бидам жртва на куќата и домот. Сакам да читам, да гледам во далечината, да ги гледам сериите кои моите внуци не ги сакаат. Одам до продавница, некогаш купувам чоколадо, а некогаш мандарини. Како ќе даде Бог.  Тогаш се прскам со старите парфеми кои ги имам зачувано. Не ме интересира веќе дали сум слаба или дебела, дали ми е полн садоперот, дали имам прашина на телевизорот. Тоа е моја обврска и јас ќе ја завршам, но која јас сакам, или можам. 

Не знам дали ќе бидам утре тука. Затоа сакам да уживам во моментот, да бидам среќна за среќата на моите деца и внуци и толку. Не ми треба повеќе. 

Животот ме научи на тоа. Порано морав сè да средам веднаш, да се истоштам па да не можам да спијам ноќе од замор, да ми биде нормално да работам по цел ден. Се трудам ништо да не одложувам, но и да не се притресувам ако нешто одложам за утре. 

Животот не може да биде постојана борба, не треба да биде така. Треба и малку да се ужива.