Моќни зборови од еден учител до неговиот ученик: Лутината и бесот кои ги носиш во себе се како камења кои ја оптоваруваат твојата душа

Еден ден, ученикот го прашал својот учител:

Учителу, ти ја имаш сфатено и разбрано Големата мудрост, секогаш си во постојан мир и добро расположение. Никој не те нервира, ниту пак сте лути на некого. Научете ме како да станам таков.

Добро, ќе те научам. Но, ти треба една голема торба и компири. Секогаш кога некој ќе те налути, во торбата ќе додадеш еден компир – рекол учителот.

Ученикот направил токму онака како што му кажал учителот. Иако збунет од зборовите на неговиот учител, сепак правел онака како што му било кажано.

Поминало некое време. Неговата торба добила на тежина. Покрај тоа, сите компири веќе се расипувале и ширеле непријатен мирис.

Еден ден, ученикот дошол кај својот учител.

Не можам веќе да го носам овој товар, рекол тој. Премногу е тешко, а и многу мириса. Дајте ми нешто друго.

Кога ги слушнал овие зборови, учителот одговорил:

Дали носиш нешто друго во својата душа кога некој ќе те вознемири или навреди? Поинаку ли е кога некому ќе се налутиш?

Кога еднаш ќе се навредиш, не си свесен колкав товар ставаш на својата душа. Со текот на времето, тој се таложи. Делата стануваат навики, навиките стануваат карактер, а бесот е секогаш присутен.

Јас ти дадов шанса да ги видиш работите однадвор. Се надевам дека следниот пат ќе се прашаш себеси дали ти е потребен уште еден камен.

Навредата е нешто што е во твојата глава. Научи да ја ослободиш својата глава за да ја ослободиш душата.