Моќен совет од еден млад човек кој умира

„Имам само 26 години, имав големи планови за иднината. Наместо денес да размислувам за тоа кое работно место да го изберам, јас ја одбирам мојата последна кравата. Онаа која ќе ја носам на сопствениот погреб по мојата смрт, неколку денови, недели или месеци отсега. “

Кога ја живеев својата младост, постојано слушав за најстрашната болест на денешницата. Не се интересирав премногу, мислев дека е нешто далечно, дека секогаш им се случува на другите, на постарите од нас. Не бев во право.

Предоцна ми беше утврдена дијагнозата за рак. Не ми остана премногу надеж дека ќе живеам  долго. Претходно, премногу работи ми ги окупираа умот. Милион нешта за кои не би размислувал кога би имал втора шанса во животот. Штом заминам, нема да биде важно како сум го живеел животот досега. Ќе биде само важно дека ме нема.

Сакам со вас да споделам што научив за животот во овие години на мое постоење на овој свет:

- Не губете го времето на работи во кои не уживате, не седете во друштво кое не ви мисли добро. Никогаш нема да успеете во она што не ви се допаѓа и што не ви носи среќа.

 - Не се грижете за мислењето на другите луѓе. На крајот на животот, ништо од тоа нема да биде важно. Ќе се смеете само на миговите кога сте биле опуштени и среќни, понесени од животот без да ви биде грижа што велат другите.

 - Немојте да мислите дека тој ќе трае вечно и дека имате време. Преземете одговорност за својот живот. Правете ги работите кои ги сакате, потрудете се да дојдете до она што ви е важно, задржете ги до себе вистинските луѓе.

- Оние кои ви се блиски и кои ги сакате, секогаш кажувајте и покажувајте им го тоа. Не го трошете времето на луѓе на кои не им е важна вашата љубов и време. Еве денес знам, времето и љубовта се скапоцени. Околу мене се само моите најблиски.

Потрудете се да живеете живот со цел, да ги сакате луѓето околу вас и да имате позитивни мисли и чувства. Овој живот е убав, а убава е и земјата во која живееме, планетата. Имаме можност да растеме, учиме и да се образуваме. Зошто постојано сакаме повеќе?

Не сум вознемирен што морам да заминам од овој свет. Едноставно таков бил текот на мојот живот. Жал ми е само за моите родители. Знам каква темнина оставам за нив.