МНТ подготвува мега-театарски проект

Македонскиот народен театар го подготвува проектот „Соларис“ во режија на Андриј Жолдак. Светска премиера проектот ќе доживее на 10-ти, 11-ти и 12-ти јуни на меѓународниот театарски фестивал „Винер фествохен“ во Виена, Австрија.

Одлична прилика за промоција на македонскиот театар ќе донесе соработката на МНТ со фестивалот од Виена основан 1951 година. Во таа насока и премиерата е од исклучителна важност. Нашата публика може да очекувада ја следи претставата некаде од септември. Учеството на ваков вид на манифестации е од голема важност, Македонија да биде присутна на светската карта на културата. Од Министерството за култура најавија дека и во иднина планираат да пружаат поддршка на слични проекти кои би ја претставувале државава надвор од нашите граници.

Во Виена инаку, ќе отпатува екипа од 40 луѓе, од кои 10 се учесници на сцената. Некои од улогите ги толкуваат Дејан Лилиќ, Дарја Ризова, Александар Ѓорѓиоски, Славиша Каевски, Драгана Левенска и др. Фестивалот „Винер фествохен“ е еден од најпрестижните светски театарски фестивали кој ги собира најголемите режисерски имиња и театарски ансамбли.