МНТ, Булевар, Вулкан па на хамбургер во Кинг Бургер - некогашна скопска шема

На оваа тема очекувам носталгично да се вратиме во минатото на скопската шема и забавниот пулс на главниот град.

Да бидам искрена јас го фатив времето на Булевар, свирките во Вулкан ми текнува како Влатче од Морал беше најпосакуван фраер, ги пеевме песните на Врчак и незаборавниот хит со ПС...

За МНТ, Ла Гараж, Елемент, Мусандра, имавме тон гратиси , ги знаевме менаџерите кој беа одговорни за делење на гратиси и конзумации за забавите и настаните. Едноставно време со многу голема понуда за добра забава во главниот град. Си одевме во 21.30 пред врата, задолжително во парови за да можеме да влеземе и се враќавме во последниот автобус во 00.20 од Рекорд.

Јадевме во Булс (денешно Тренд) 7ца,По-Пе, Лап Лап, Кинг Бургер, Аркадија и гледавме уште филмови во Кино Вардар и Култура. На спрат.

Седенките во Парк кај Школка или на трева со Витач и гитарче ни беа задолжителни во летниот распуст.А на кафе, чај, салеп задолжително одевме во Ориент, Њу ејџ...

Кажете ги вие вашите искуства и спомени од скопската шема во вашето време, или уште подобро - од времето на вашите родители.