Младоженецот немал пари да ја плати свадбата, за гаранција оставил клуч од кола

Необичен настан се случил викендов во ресторан во Скопје кога по завршената свадбена веселба младоженецот немал пари да му плати на сопственикот на ресторанот. 

Тој ветувал дека ќе ја плати сметката, но сопственикот на ресторанот каде се одржала свадбената веселба не попуштал, си ги барал парите за услугата.

Сето тоа се случувало изминатиот викенд во Скопје, ноќта неделата кон понеделникот. Гостите веќе си биле заминати, но младоженецот поради тоа што немал доволно пари да плати, почнал да се расправа со сопственикот кој бил приморан да повика обезбедување.

Кога пристигнало обезбедување, двајцата се уште се расправале, но потоа се договориле младоженецот како гаранција дека ќе плати, да остави клуч од својот автомобил, по што заминале со невестата.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.