Младо момче прободено во срцето во центарот на Скопје

Половина час пред полноќ пред угостителски објект во близина на споменикот на „Скендер бег“ во Скопје,  непознати  лица со  остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на срцето на младо момче од Грчец.

Се работи за 24-годишниот М.Б. од селото Грчец, скопско кој бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата денеска информира дека момчето се наоѓа во животна опасност.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.