Mлад скопјанец баран со потерница депортиран од Италија, завршил во ПС Чаир

Нoќеска околу полноќ на Граничниот премин „Меѓународен аеродром - Скопје“, во придружба на полициски службеници од Италија, како депотрирано лице пристигнал Е.Д. (26) од Скопје.

Бидејќи лицето се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потраги поради сторено кривично дело „тешка кражба“, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.