Мјузкл посветен на Тоше Проески на сцената на Македонската опера и балет

Мјузиклот „Тајно моја“ со која Македонската опера и балет на 9 март идната година ќе одбележи десет години од смртта на нашиот најпопуларен пејач е еден од неколкуте спектакуларни настани кои раководството на оваа институција ги најави во следната сезона. 

Публиката ќе може да го види и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски кој ќе биде изведен на мраз - копродукциска претстава на МОБ со балетски уметници од Русија. Кон крајот на годинава ќе боде изведен и прошталниот концерт „Леб и сол симфони“ со кој ќе бидат одбележани 40 години концертна активност.

Новата концертна сезона ќе биде отворена на 7 октомври, со гала концерт на кој свечено ќе биде промовирано и новото гледалиште во МОБ. Годинава првпат има целосна програма, од почетокот, до крајот на сезоната.
Според Игро Дурловски, директор на МОБ, годинава ќе има многу поширок спектар на претстави, концерти, спектакли. 

- Предвидени се околу 180 настани, значи секој втор ден ќе се случува нешто на сцената на МОБ. Се обидуваме секој љубител на операта, балетот и на музиката воопшто да се најде во некој под нашите настани. Ќе има е детски претстави, сепкатакли, балетски и оперски претстави, ќе одбележиме неколку јубилеи - вели тој.