Мислите дека познавате некого, а потоа времето ви покажува дека не е така

Луѓето ставаат маска, а ние ги прифаќаме такви какви што доаѓаат пред нас. Веруваме дека сите се искрени како што сме ние самите, ги слушаме нивните зборови, веруваме во нив. Но, не е така. Сме се излажале, 

Кога тоа ќе се случи, се руши целата илузија за таа личност како кула од карти. Се обвинуваме себеси како не сме забележале, не сме знаеле, што сме можеле да направиме. Но, се случува на секој од нас. Барем еднаш во животот.

Мислиме дека познаваме некого, а потоа сфаќаме дека тоа не било вистина. Тоа е ризикот со кој го живееме овој живот. Тоа е вистината кога ги прифаќаме луѓето. Не се сите од нив онакви какви што се преправаат дека се. Никогаш не можеме да го знаеме вистинското лице на луѓето. Само времето е нашиот најголем пријател кој ни помага да го откриеме тоа. 

Ни паѓа тешко кога манипулаторите ќе ни навлезат под кожа, кога решаваме да им веруваме безрезервно, кога ќе ја засакаме маската а не личноста и кога еден ден ќе сфатиме дека не ја познаваме личноста туку нејзината маска. 

Не брзајте премногу врзувајќи се за луѓето, бидете внимателни. Кога мислите дека познавате некого, бидете внимателни кога го велите тоа. Размислете добро дали сте ги виделе во секое издание и во сите ситуации кои го откриваат нивниот карактер.

Кога мислите дека знаете некого и ќе бидете излажани, не се обвинувајте себеси. Тие луѓе така одат низ животот, тие знаат да го прават тоа. 

Само бидете среќни што сте го откриле нивното вистинско лице и што не се дел од вашиот живот.