Мисли за проблемите: Секоја чест на оние кои се смеат на проблемите, кои наоаѓаат нова сила во сите тешкотии и кои стануваат похрабри

Доколку ве мачи некаков проблем, прочитајте ги овие совети и мудри мисли кои ќе ви помогнат да се справите со проблемите.

1 – Променете го прашањето кое го поставувате себеси за проблемите. Можеби ќе успеете да согледате нешто ново, од поинаков агол. Погрешно дефинираниот проблем води до погрешно решение.

2 – Најголемите тешкотии се наоѓаат онаму каде што не ги бараме.

3 – Наш проблем се луѓето кои зборуваат, а ништо не кажуваат. Луѓе кои слушаат, а ништо не успеваат да слушнат.

4 – Проблемот е шанса да дадеме најдобро од себе.

5 – Како што се приближуваме до целта, проблемите се зголемуваат. Но, тоа не значи дека треба да се откажеме.

6 – Кога човекот би можел да оствари половина од своите желби, би ги зголемил двојно своите проблеми.

7 – Секоја чест на оние кои се смеат на проблемите, кои наоаѓаат нова сила во сите тешкотии и кои стануваат похрабри.

8 – Проблемите се зголемуваат со геометриска брзина, а решенијата со аритметичка.

9 – Бидете искрени во однос на проблемите: не се преправајте дека тие не постојат, не ги гледајте полоши отколку што се.

10 – Снегот и пубертетот се единствени проблеми кои исчезнуваат ако доволно долго ги игнорирате.

11 – Постојат две страни на секој проблем: едната е исправна, а другата погрешна.

12 – Секој проблем во себе содржи семе на сопствено решавање.

13 – Ако немате проблеми на работа, исто и како да немате работа.

14 – Не можеме да ги решиме проблемите на ист начин на кој сме ги создале.

15 – Добро разбраниот проблем е половина решен.