Мисли од Буда кои ќе го променат начинот на којшто ги гледате работите

Буда живеел и проповедал на територијата на денешна Индија некаде помеѓу 6 и 4 век п.н.е и неговата филозофија се проширила во нешто што денес го знаеме како Будизам.

Зборовите на Буда имаат моќ да поттикнуваат дејство и будење во многуина од нас, иако живееме во многу различно време од неговото.

Следењето на зборовите на Буда и барањето на овие вистини во вашиот секојдневен живот можат да имаат големо позитивно влијание.

Еве 32 мисли од Буда кои можат драстично да го променат вашиот поглед на светот.

***
За тоа да се биде буден

„Тајната за здраво тело и ум не е да се жали за минатото, ниту пак да се грижиме за иднината, туку мудро и искрено да се живее во сегашниот момент.“

„Не лебди во минатото, не сонувај за иднината, концентрирај го умот на сегашниот момент.“

За приврзувањето и страдањето

„Можеш да го изгубиш само она на коешто се држиш.“

„Болката е сигурна, страдањето е избор.“

За лутината

„Држењето на лутина е како да држите жежок јаглен со намера да го фрлите на некој друг, но вие сте тој што на крај ќе изгори.“

„Држењето на лутина е како да пиете отров и да очекувате дека другата личност ќе умре.“

„Нема да бидете казнете заради вашата лутина, ќе бидете казнете од вашата лутина.“

За грижата и сомневањето

„Повеќето проблеми, ако им дадете доволно време и простор, евентуално самите ќе се решат.“

„Ако проблемот може да се реши, зошто да се грижите? Ако проблемот не може да се реши, тогаш грижењето нема да ви донесе ништо добро.“

„Не постои нешто пострашно од навиката на сомневањето. Сомневањето ги оттуѓува луѓето. Тоа е отров коешто уништува пријатели и раскинува пријатни врски. Тоа е трн којшто иритира и повредува, тоа е меч којшто убива.“

За задоволството и среќата

„Насочете го вашето срце кон добри дела. Правете го тоа одново и одново и ќе бидете полни со задоволство.“

„Среќата не зависи од тоа што имате или кои сте вие, таа се потпира само на тоа што мислите вие.“

„Среќата доаѓа кога вашата работа и зборови се од корист за другите.“

За егото

„Носете го вашето его како лабава облека.“

Луѓето со мислења само одат наоколу и си пречат едни на други.“

За себе-реализирањетоTop of Form

„Во битката, поголем од мажот кој може да покори 1000 луѓе е оној кој може да покори само еден – себеси.“

„Не барај прибрежиште во никој освен во себеси.“

„Со нашите мисли ние го создаваме светот.“

За важноста на дејството

„Колку свети зборови и да прочитате, колку од нив и да ги кажете, која е користа од нив ако не се раководите и дејствувате според нив?

За живеењето на секој ден

„Секое утро ние сме повторно родени. Што правиме денес е тоа што е важно.“

„Исто како што змијата ја отфрла својата кожа и ние мораме одново и одново да го отфрламе на нашето минато.“

За тишината

„Кучето не се смета за добро куче затоа што добро лае. Мажот не се смета за добар маж затоа што добро зборува.“

„Тишината е празен простор, просторот е дом на будниот ум.“

За целите во животот

„Вашата цел во животот е да ја најдете својата цел и да го дадете своето срце и својата душа на таа цел.“

За мислата и знаењето

„Се што сме ние е резултат на тоа што го мислиме: целата основа е во нашите мисли и создадена од нашите мисли. Ако човекот зборува или дејствува со зли мисли, страдањето ќе го следи како што тркалото го следи копитото на ѕверот којшто го влече вагонот... Ако човек зборува и дејствува со добра мисла, среќата ќе го следи како сенка и никогаш нема да го напушти.“

„Умот е се. Ти си тоа што го мислиш.“

„Будалата која знае дека е будала е многу помудар.“

„Секое човечко суштество е автор на своето сопствено здравје или болест.“

„На небото, нема разлика помеѓу исток и запад, луѓето ги создаваат тие разлики во нивниот ум и потоа веруваат дека се вистинити.“

За вистината

„Три работи не можат долго да се кријат: Месечината, сонцето и вистината.“

„Не верувај во нешто само затоа што си го слушнал некаде. Не верувај во нешто само затоа што така се зборува и озборува од многумина. Не верувај во нешто само затоа што е запишано во твоите религиозни книги. Не верувај во нешто само поради авторитетот на учителите и постарите. Не верувај во традиции само затоа што тие биле пренесувани од генерација на генерација. Но, по набљудување и анализа, кога ќе видите дека нешто се сложува со разумот и се придружуваа кон доброто и поволностите за сите, тогаш прифати го и живеј според тоа.“

„Ако можеме да го видиме чудото на еден цвет, тогаш нашиот цел живот ќе се промени.“

nike air max 1 sale