Мислевте дека фудбалерите имаат најубави девојки? Се лажете, погледнете ги оние на тениските асови!

Фудбалерите се познати по тоа дека ги имаат најубавите девојки. Најдобрите манекенки и модели се секогаш во нивна придружба. Но, тенисерите за разлика од нив, ги бираат оние паметните и успешни во некое друго поле. 

Запознајте ги најзгодните жени на познатите тенисери:

Биљана Типсаревиќ
Сопругата на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, модна дизајнерка, која редовно се појавува на листата на најзгодни Србинки. Со Јанко е во врска повеќе од 10 години, живеат во мирен и идиличен живот без скандали.

Сара Фостер,
сопруга на германскиот тениски ас Томи Хаас, актерка и поранешен модел. На јавноста и е позната по улогата во серијата „90210“ продолжението на култниот „Беверли Хилс“. Со Хас се во брак 6 години и имаат две деца.

Никол Шерцингер,
најпознатата на листата, пеачката од популарниот бенд Пусикет Долс и сопруга на бугарскиот тенисер Григор Димитров. Поранешна сопруга и на возачот на Ф1 Луис Хамилтон. Нивниот брак го одбележаа скандали и беа константно следени од папараците.

Естер Саторова,
Успешна манекенка и сопруга на десетиот најдобар светски тенисер Томаш Бердич.