Мислев дека си поинаков, но излезе дека си ист како и другите...

Помина доста време откако последен пат ме погледна во очи. Те бакнав пред да излезам од дома исто како и многупати претходно, со помислата дека ќе те видам подоцна. Поим немав за болката која ќе следи во месецот што следи.

Смешно ми е кога ќе помислам колку бев слепа.

Да помислам на тоа колку бев слепа за тоа што си способен да ми направиш.  Јас бев ранлива уште од првиот ден, угушена од друга врска која ми ја уништи самодовербата и направи да се чувствувам мала и безначајна. Тогаш се појави ти  и некако се тоа исчезна.

Иако не ти бев приоритет, ти ми го посветуваше твоето време. Полека направи да се чувствувам како да имам место во твојот живот. Иако се што се случуваше меѓу нас беше тајно и за тоа знаевме само јас и ти, ти ми донесе среќа и направи да помислам дека можеби вреди да дозволам некој повторно да ми се приближи.

Понекгаш заљубувањето е лесно и има смисла, но понекогаш е хаотично, непланирано и некоординирано.

Ти не беше дел од планот и страшно е тоа што некој кој само неколку месеци беше во мојот живот имаше моќ комплетно да ме уништи.

Ти секогаш викаш дека не било поради мене, дека твоја е вината. Никогаш нема да можам да гледам така. Не ми се верува дека некој ме гледаше на начинот на којшто ти ме гледаше може само така да исчезне.

Постојат толку многу неодговорени прашања, но јас не ги барам одговорите, затоа што знам дека ќе ми предизвикаат повеќе болка.

Морам да пуштам да падне се во заборав. Но, го памтам твојот избор. Ја памтам болката која ми ја нанесе. Ја памтам љубовта која ја имав за тебе. Памтам кога поспано те погледнав и помислив дека можеби видов нешто... дека можеби можеме да бидеме нешто.