Мирисот на овие намирници ќе ви помогне побрзо да ослабете

Мирисите на свежо печениот леб, питите или пецивата често го отвораат нашиот апетит. Сепак, науката носи добра вест за намирниците кои можат да ни помогнат да го убиеме апетитот.

Маслиново масло

Новото истражување на германскиот центар за хемија на храната покажува дека мирисот на маслиново масло може да помогне да се чувствуваме сити. Овие научници откриваат дека доколку се додаде и јогурт во него, неговото конзумирање помага во добивањето чувство на ситост. 

Лук

Според истражувањето објавено во магазинот Flavour во 2012 година, силните ароми помагаат да јадеме помалку. Изберете зачинета храна со силен вкус.

Зелени јаболка и банани

Научниците истакнуваат дека луѓето кои имаат проблем со тежината доколку помирисаат банана или зелени јаболка имаат помал апетит. Тоа е покажано и во едно истражување спроведено во САД чии резултати покажуваат дека оние кои често во текот на денот помирисувале банана или зелено јаболко изгубиле повеќе килограми од оние кои не го правеле тоа. 

Грејпфрут

Овој цитрус е богат со цитамин Ц и ликопен и се препорачува во многу диети. Тој може да го поттикне слабеењето дури и со самото негово мирисање, неколку минути пред да почнете да јадете.

Научниците од универзитетот Осака во Јапонија истакнуваат дека  излагањето на мирисот на масло на грејпфрут во 15-минутни интервали ја намалува тежината. Тие веруваат дека тоа има врска со тоа што мирисот на грејпфрут доаѓа во интеракција со ензимите на црниот дроб.