Мини парк место дива депонија во Гази Баба

По јавна пријава на совесен граѓанин од населеното место М.А. Ченто на ул. Жегљане за настаната депонија, која постојано се создаваше од не совесни граѓани ЈКП "Гази Баба 2007" постојано реагираше за расчистување на истата депонија,информираат од општината Гази Баба.

Меѓутоа, за постојано решение ЈКП " Гази Баба 2007" почнува со уредување, односно создавање мини парк на ова место со прекрасен поглед, односно:
- Расчистување и рамнење на просторот со механизација, 
- Поставување на клупи и корпи, 
- Разеленување на површината,
- Засадување на дрвја. 

ЈКП "Гази Баба 2007" апелира за зачувување на животната средина за добро на граѓаните, и ги охрабруваме сите совесни граѓани да пријават депонии и проблеми настанати во нивната околина на живеење.