Миладиновци утрово најзагадено во Скопје

За разлика од претходните неколку дена кога скопските и околните општини имаа високо ниво на загадување, денеска, благодарение најмногу на временските прилики, загадувањето е на пониско ниво. Во повеќето скопски општини вредноста на ПМ 10 честичките не ја надминува дозволената граница од 50, а најзагадено утрово е Миладиновци со 35.

Веднаш зад него е Ѓорче Петров со 33, а на скопјани очигледно им останува да се молат ветрот да дува што почесто за да можат да земат здив чист воздух во својот град.

Во останатиот дел од земјата, најзагадено е во Кочани со 78 ПМ10 честички, а и Тетово е близу дозволената горна граница со 45.